Правилник за начинот на постапување со супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка

Во февруари 2011 објавена е нацрт верзијата на Правилникот за начинот на постапување со супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка. Ваши коментари, забелешки, дополнувања се добредојдени како да се дојде до соодветен Правилник за регулирање на оваа дејност. Ова е добра можност да се внесат неколку членови за лиценцирање на сервисери како една од заложбите на Групацијата. Вашите коментари испратете ги на ozonunit@unet.com.mk, e.kupeva@pops.org.mk или vasil.ciconkov@energija.com.mk.


Workshop Skopje 7 October 2010 UNEP TEAP Replenishment Task Force MLF 2012 - 2014

На 7-ми Октомври 2010 година во х.Континентал - Скопје се одржа работилница организирана од UNEP – “TEAP Replenishment Task Force”, Канцеларијата за Озон и Групацијата на Сервисери за Ладење и Климатизација. Целта на работилницата беше пренесување на искуствата на фирмите кои работат со ладилни медиум – фреони и како гледаат на следниот период во кој следува редукција и елиминација на HCFC ладилните медиуми. За време на работилницата беа формирани работни групи на кои се даваше одговор на Прашалник кој ќе послужи како документ кој дава претстава за моменталанта ситуација со сервисирање на ладилната опрема. Овој собир беше искористен и да се направи список од фирмите која опрема им е најпотребна при нивното работење и таа да биде вклучена во следното делење на опрема за ракување со ладилни медиуми.


Joint meeting of the Regional Ozone Networks for Europe & Central Asia (ECA) and South Asia (SA) in Istanbul, Turkey, 26-30 April 2010

Ве информираме дека на 26-27.04.2010 во рамките на Годишниот собир на Канцелариите за Озон на Европа, Централна и Јужна Азија се одржа и состанок на здруженијата за ладење и климатизација во Истанбул, Турција.

Од водените дискусиии беа донесени следните заклучоци:

  • Неопходно е воведување и имплементирање на тренинг и сертифицирање на сите сервисери кои се вклучени во монтажа и одржување на системи за ладење, климатизација и топлински пумпи.
  • Сертифицирањето треба да се одвива според основните Европски стандарди и во сооднос со националните легислативи кои постојат за ваков вид на сертифицирање.
  • Повикување на интернационалните агенции за имплементација UNEP, UNIDO и сл. како и други меѓународни организации во асистирање за формирање на тренинг центри и обновување на опремата за сервисирање.
  • Имплементирање на соодветен технички демонстрационен проект во земјите од Источна Европа, Кавказ и Централна Азија со цел забрзување на процесот на елиминација на HCFC (R22) ладилните медиуми и промовирање на нови ладилни флуди со низок GWP и COP.
  • Подигнување на свеста кај сите национални организации за ладење и климатизација за примена на што е можно повеќе топлински пумпи на обновлив извор на енергија.
  • Формирање на регионален бев сајт каде сите национални организации ќе бидат преставени.
  • Формирање на регионална работна група со следните активности:
    • изработка и водење на регионалниот веб сајт,
    • елаборирање на критериумите за тренинг и сертифицирање на сервисерите,
    • елаборирање на минималните технички критериуми за:
      1. a) монтажа, сервис и одржување на системите за ладење и климатизација според Европскиот стандард EN378
      2. б) правилно користење на ладилните медиуми
      3. ц) технички опис на различни изведбени проекти

Во меѓувреме, нашето здружение стана член на Меѓународната Асоцијација составена од сите здруженија за ЛК од Источна Европа и Централна Азија. Повеќе информации може да видите на веб страната www.ecacool.org моментално модерирана од Здружението за ЛК на Киргистан. Преку оваа веб страна можеме да комуницираме со другите здруженија, да добиваме информации како и да поставуваме информации од наши активности.

Во врска со процесот на регистрација и сертифицирање на сервисери за ладење и климатизација во нашиот регион само Хрватска како држава има воведено процес на регистрација. Беше направен состанок со Г-ѓа Иличич од Министерството за Животна Средина на Хрватска каде се аплицира и каде се издаваат овие сертификати за сервисерите. Наскоро треба да ни испратат Правилник како овој процес е дефиниран во Хрватска и кои се критериумите за добивање на лиценца. Повеќе информации може да се видат на веб страната http://www.mzopu.hr/default.aspx?id=7953.