За групацијата

Во Јануари 2010 година во рамките на Услужната Комора при Сојуз на стопански комори беше формирана Групација на сервисери за ладење и климатизација СЛК поддржана од Канцеларијата за заштита на Озонската обвивка.

Главна цел на групацијата е да се обединат сервисерите по ладилна техника, со што би се олеснила нивната меѓусебна соработка, комуникација како и спроведување на нивните барања и предлози за оваа дејност до соодветните тела.

Групацијата им овозможува на членовите навремено информирање за промените и новините во областа на ладењето и климатизација.

Како претседател е избран Васил Цицонков, сопственик на фирмата Енергија.

- обраќање на претседателот